(Видео) Приватните превозници ги ослободија улиците: Од вечерва нема блокади во Скопје!
Приватните превозници кои го блокираа булеварот “Илинден” вечерва ги ослободија улиците и ќе чекаат премиерот Ковачевски да ги покани на средбата која ја најави на денешната прес-конференција.
Приватните превозници велат дека ќе инсистираат на средбата да присуствуваат и претставници на Градот Скопје.
Претходно градоначалничката Арсовска изјави дека по одлуката на приватните превозници да се прекине јавниот превоз, договорот со нив се смета за раскинат и таа одлука е конечна. Според Арсовска, приватните превозници со одлуката за прекинот на јавниот превоз, одлучиле и да им ја укинат автобуската услуга на граѓаните.
-Можности за враќање назад не постојат. Има нов јавен повик, на новиот јавен повик сите оние кои ќе сакаат чесно да работат и оваа јавна услуга да ја овозможуваат до граѓаните ќе имаат можност да си се пријават и да можат да си ја обавуваат дејноста којашто ја обавувале претходно, меѓутоа без да има можности за вакви манипулации како што имаше претходниот период, изјави Арсовска.
На приватните превозници треба да им се исплати до периодот до кога нивните автобуси беа вклучени во сообраќајот.
-Тие практично за услугата којашто треба да ја извршат во наредниот месец, фактурираат за еден месец однапред. Што би значело дека таа услуга во моемтнот кога е побарана се уште не била извршена како таква. Сега со нивниот прекин практично во тековниот месец ноември ќе треба да се види што е она што го извозеле за да може за истото да се пресмета што и колку има потреба како тековно побарување да им се исплати и по основа на истото, номално никој не сака од тие лица да бидат оштетени, меѓутоа исто така како Град Скопје, сме должни да не дозволиме никакви манипулации, ниту пак злоупотреби коишто директно влијаат на буџетот на Градот Скопје“, рече тогаш Арсовска.
Инфомакс претходно пишуваше за “Катиљ ферманот за Ленин Јовановски“, каде се пет милиони евра и зошто не е платен ДДВ, за што повеќе може да прочитате на следнио ЛИНК
Фото/Видео: 360 степени
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ПРЕД КЛИНИЧКИ: Смачкани се…
Тешка сообраќајна несреќа вечерва се случи на…
Сообраќајна несреќа на патот Штип-Скопје кај клучката…
На 16.05.2024 во 12.00 часот во СВР…
Тошковски откри кога ќе почнат да доаѓаат…
Во вечерашната емисија ClickPlus на ТВ21, министерот…
Прскање против комарци во сабота во Скопје,…
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…
Претепан вработен во казино од три лица…
Денеска во 00.20 часот во СВР Скопје,…