Ескобар: САД категорички одбиваат враќање на српските сили на Косово

t

Американскиот заменик-помошник државен секретар,Габриел Ескобар, денеска од Приштина изјави дека САД категорично се против можноста за враќање на српските сили на територијата на Косово.

Во врска со изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека Белград во четврток ќе побара од мисијата КФОР одобрение за враќање на српските сили на Косово, Ескобар за Радио Слободна Европа изјави дека САД „категорично ја отфрлаат таквата можност“.

-Ние воопшто не го поддржуваме тоа. Исто така, сакам да кажам дека Косово има многу силни безбедносни гаранции од САД, рече Ескобар на вториот ден од неговата посета на Приштина.

Ескобар, кој утре доаѓа во Белград, одговори и на прашањето каква ќе биде реакцијата на САД во случај српските сили да се вратат на Косово.

-Прво, не очекувам такво нешто. И второ, Косово има цврсти гаранции од САД кои се манифестираат преку учество во КФОР, рече Ескобар, специјален пратеник на американскиот Стејт департмент за Западен Балкан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривична пријава за охриѓанец, си оградил повеќе…

СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице…

(Видео) Земјотрес од 7,2 степени го погоди…

Земјотрес со интензитет од 7,2 степени по…

САД воведоа нови санкции против Куба, насочени…

САД денес воведоа нови санкции врз Куба,…

Гори кај Никуштак: Интервенираат „ер тракторите“ на…

Во тек е интервенција на пожарот во…

„Август е проклет месец“: Путин под притисок…

Украина му го отежна животот на Владимир…