Далиќ: Да ни понудеше некој пред СП ваков епилог – со две раце ќе прифатевме!
Хрватските репрезентативци вечерва не можеа да направат нов подвиг на Мундијалот во Катар и загубија со 0-3 од Аргентина, па така им остана борбата за третата позиција на Светското првенство (СП).
Селекторот на Хрватите, Златко Далиќ вели дека е задоволен од играта на неговите избраници и вели дека со две раце ќе прифателе ваков епилог ако некој им понудел пред СП.
„Немам што да им замерам на момците, играа колку што можеа во моментот. Имавме длабочина во играта но немавме завршница и расположени напаѓачи. Во второто полувреме сакав со Оршиќ да го зголемам притисокот кон напред, но третиот гол нѐ сосече тотално. Честитки за сите, ќе се обидеме во сабота да сме конкурентни во мечот за бронза. Да ни понудеше некој пред СП ваков епилог – со две раце ќе прифатевме“, вели Далиќ.
Далиќ даде краток коментар и за пеналот кој го направи несреќниот голман Доминик Ливаковиќ.
„Мислам дека момците бараа корнер пред да биде таа ситуација со пеналот, но што е тука е. Вечерва победи подобриот, немаме што да жалиме“, кажа Далиќ.
Хрватска ќе се бори за трето место против поразениот од мечот меѓу Мароко и Франција, кој е закажан за утре од 20 часот.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Водачот на Кавачкиот клан е во бегство,…
Полицијата на Црна Гора понуди парична награда…
Захарова ги предупредува Русите во странство: Не…
Русија ги повикува своите граѓани во странство…
Израел не одобри распоредување на меѓународни сили…
Израел сè уште не го одобрил распоредувањето…
Спречен е терористички напад на њујоршкиот Капитол-…
есика Боуви (35) е обвинета за давање…
Градоначалникот на Комо забрани возење велосипеди низ…
Градоначалникот на Комо, Алесандро Рапинезе донесе одлука…