Ќе влезат побрзо од нас? Косовскиот државен врв денеска ќе потпише барање за членство на Косово во ЕУ
Претседателката на Косово. Вјоса Османи, премиерот Албин Курти и претседателот на Собранието Глаук Коњуфца денеска ќе го потпишат писмото за барање за членство на Косово во ЕУ, јавуваат Репортери.
Како што се наведува во соопштението на Претседателството на Косово, церемонијата на потпишување ќе се одржи во 11:00 часот во Кабинетот на претседателот, по што ќе следуваат изјави за медиумите.
Косовскиот премиер Албин Курти вчера на седница на Владата најави дека Косово неделава ќе поднесе барање за членство во ЕУ.
Курти рече дека Косово има место во таа организација.
„Пред една недела, на самитот во Тирана, во заедничка изјава ЕУ повика на забрзан процес за членство. Значи, нашата апликација за ЕУ одговара на ветувањето што ЕУ му го даде на регионот за членство од самитот во Солун во 2003 година, но и на одговорот даден пред една недела во Албанија. ЕУ е земја на мир, еднаквост и просперитет, затоа и Република Косово природно има свое место во оваа заедница како мирна и демократска земја“, рече Курти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Правда „засука ракави“: Изготвени дваесетина закони како…
Со новите измени на кривичниот законик ќе…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…
Косово ќе прифати до 50 мигранти од…
Косовската влада денес одлучи да прифати до…
Филипче од Атина: Македонија е заглавена со…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на меѓународна…