Ивановска ги наброи: За кои функционери Обвинителството чува предмети во фиока?!

t

За многу министри, директори и други државни функционери, Антикорупциската комисија доставила предмети до обвинителството за коруптивни афери, се уште чекаат одговор од обвинителството, изјави вечерва на Програма 200, Билјана Ивановска, претседател на Државната комисија за спречување на корупција.

„Имате повеќе случаи. Имате за поранешниот министер за култура кој потпиша неовластени буџетски средства. Имате двајца генерални секретари од Владата кои потпишаа договори за авторски права, имате директор на агенцијата за филм, имате директор на јавно претпријатие за спортски објекти и мислам дека го имате ректорот на најголемиот универзитет во државата. Значи имаме многу пријавени иницијативи, поконкретно за кривично гонење, кои ги доставивме до обвинителството, за кои се уште чекам и не заборавајте, го имаме предметот кој е од извонредно значење за јавниот интерес и тоа е случај Холидеј Ин. Значи тој предмет сега ќе биде две години во јавното обвинителство со сите докази испратени таму и се уште чекаме одговор и веќе размислуваме да испратиме претставка до Советот јавни обвинители да вршат надзор над работата на обвинителот, што го спречува обвинителот да излезе со одлука на јавното обвинителство, за сите кои биле вклучени во процесот на одобрување на деталниот урбанистички план кој се реализира е спротивно на генералниот урбанистички план и има негативно влијание врз животната средина“, изјави Билјана Ивановска, претседателка на Антикорупциска комисија.

Извор: Алсат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Машала: И Љутков има стан во Бугарија,…

Министерот за култура, Зоран Љутков има четири…

Муцунски ќе одлучува дали членовите на Антикорупциска…

Членовите на Државната комисија за спречување корупција…

Барањето за дипломатскиот пасош според закон не…

Повикувајќи се на член 11 од Законот…

ОЈО и ДКСК веднаш да го истражат…

Волкот го менува влакното, но не и…

ДКСК сепак, покрај дипломатските пасоши барала и…

Претседателката на Државната комисија за спречување на…