Ќе се “спукаат” ли републиканците? Расте рејтингот на ДеСантис во однос на Трамп!
Во новата анкета за потенцијалните републикански претседателски кандидати во 2024 година, гувернерот на Флорида Рон ДеСантис има значително водство пред Доналд Трамп, пренесува „Гардијан“.
Републиканските гласачи му нанесоа значителен удар на егото на поранешниот претседател во истражувањето спроведено од „УСА Тудеј“ и Универзитетот Сафолк. Меѓутоа, во друга анкета што го опфаќа истиот временски период, спроведена од „Морнинг Консулт“, Трамп води.
Независно од тоа, Дејвид Палеологос, директор на Центарот за политички истражувања на Универзитетот Сафолк, изјави за „УСА Тудеј“ дека републиканците и конзервативците ја сакаат политиката на Трамп, но без Трамп.
Тоа беше јасно во подемот на ДеСантис, поранешен американски воен адвокат и лидер на тврдодесничарската Флорида, кој води политика слична на онаа на Трамп. Трамп ја објави својата трета последователна трка за републиканска номинација веднаш по среднорочните избори.
Сепак, неговиот успех е занемарлив, особено по изборите на кои најголем дел од кандидатите што ги поддржа беа поразени. „УСА Тудеј“ објави дека нивната анкета покажува дека ентузијазмот за уште една кандидатура за Трамп се намалува кај републиканците и републиканските гласачи.
„Во јули, 60 отсто од републиканците сакаа Трамп повторно да се кандидира. Во октомври таа бројка падна на 56 отсто. Сега е намалена на 47 отсто, што е речиси рамномерно поделено со 45 отсто кои не сакаат тој да се кандидира по трет пат. “, се наведува.
Друг веројатен кандидат, поранешниот потпретседател Мајк Пенс, е сѐ поблиску до објавување на својата кандидатура. Пенс рече дека тој и неговата сопруга Карен ќе донесат одлука за тоа дали ќе влезат во трката следната година откако „се молат за празничната сезона“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со порака до Иран: Време е…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото…
Трамп ја откажа посетата на американските претставници…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во саботата…
(Видео) Трамп: Тие ја нарекуваат војна, ние…
Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече лидерот…
Сопругот на косовската претседателка предлага изградба на…
Сопругот на претседателката на Косово, Приндон Садриу,…
Путин по разговорот со Трамп одржа состанок…
Рускиот претседател Владимир Путин одржа состанок со…