Две лица на модерниот свет – 13 француски Африканци против 13 европски Мароканци!

t

Франција е една од империјалистичките сили која имаше бројни колонии низ светот, посебно во Африка, па вечерашната пресметка со сензацијата Мароко е една европско-африканска пресметка со – две лица.

Франција е светски првак, атакува на ново финале, но овој состав на „галските петли“ има африкански шмек. Дури 13 фудбалери во составот на Дидие Дешан се родум од Африка. А, во екот на глобализацијата, европската Франција против себе го има првиот африкански полуфиналист, кој има европски шмек – 13 фудбалери родени и израснати во Европа.

Дидие Дешан, селекторот на Франција на својот список има фудбалери кои се по потекло од Ангола, Конго, Камерун, Брегот на Слоновата Коска, Мали, Сенегал, Алжир и Мароко. Валид Рагреги, кој е роден во Франција и целата своја фудбалска кариера ја мина во Франција, изма состав со фудбалери родени во Франција, Холандија, Белгија, Шпанија, Италија.

Првата ѕвезда на Франција, Килијан Мбапе е роден од мешовит брак на Камерунец и Алжирка, Едуардо Камавинга по потекло на своите родители е од Конго, Чуамени е по потекло од Камерун, а мајката на Вилијам салиба исто така е од оваа земја. Од Конго по потекло се и Манданда, Дисаси, Муани. Од Бенин е Кунде, од Гвинеја е Упемекано, додека Дембеле по татко е од Мали, а по мајка од Сенегал и Мавританија. Матео Гендеузи е еден од малкумината Мароканци, кои не избраа да играат за својата татковина, туку за земјата каде се родени.

Од друга страна, сите најголеми марокански ѕвезди и најдобри фудбалери се родени во Европа, таму се израснати и играат во најголемите еропски клуови. Од Хаким Зијеш и Ашраф Хакими, па сè до Софијан Амрабат и Софијан Буфал.

Хакими е роден во Мадрид, можеше да игра за Шпанија, но не сакаше да го остави својот Мароко, исто како и резервниот голман Мунир Мохамади. Зијеш, Амрабат, Мазрауи, Абукал се родени и израснати во Холандија, Ел Канус, Амала, Чаир, Зарауи се родени во Белгија, а Саис и Буфал се родени во Франција и можеа денеска да бидат на спротивната страна, но ја избраа својата татковина. Недостига Шедира, кој поради црвениот картон не е во комбинација, а е роден во Италија.

Мароко е најзастапеното малциство во безмалку сите земји во западна Европа, па за време на СП, опсадна состојба е низ градовите кога тие ќе излезат на улица, особено во Брисел каде направија хаос. А, вечерва низ Франција полицијата е на готовс, зашто пресметката може многу брзо да донесе воена зона на улиците, без разлика дали од радост или тага.

Иако во Мароко посебно кај младата популација има франкофобија, далеку е сето тоа од односите на Алжирците со Францизите, зашто Мароко, најзападната држава на северот од Африка никогаш не бил сметан како дел од Франција за разлика од Алжир, иако бил протекторат и без граѓанска војна како во соседството, без многу тензии Французите ја напуштија својата колонија во 1956 година.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Забележана појава на фишинг напади: МВР со…

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…

Македонското Собрание ќе ја одбележи 35-годишнината од…

Во понеделник, 24 август, во Собранието, со…

ВМРО-ДПМНЕ: Економските резултати се мерат со бројки,…

Економските резултати се мерат со бројки, а…

Во Грција досега регистрирани 157 случаи на…

За една седмица во Грција биле регистрирани…

Поранешен таен агент на ЦИА од Косово…

Американската администрација на претседателот Доналд Трамп се…