15 ДЕНА ПРЕД ПРВИ: АД ЕСМ објави оглас на набавка на гас за топланите за период јануари-април
ЕСМ Продажба почна постапка за набавка на природен гас за потребите на топланите за греење на градот Скопје за периодот јануари-април.
-Испратени се покани за достава на понуди до активните лиценцирани компании за трговија и снабдување со природен гас во Р. Северна Македонија и повикот е објавен и на веб страната на АД ЕСМ, во делот на ЕСМ Продажба , за деловно информирање на странски компании кои би имале интерес да поднесат понуди.
Целта на повикот е да се изберат квалификувани понудувачи со кои ќе се склучи рамковен договор за потребните количини на природен гас за периодот 01.01-30.04.2023, се вели во соопштението.
Индивидуален договор, месечен или за целиот период, ќе се склучи со квалификуваниот понудувач кој има рамковен договор и најповолна цена за бараниот период.
Се очекува конечен договор за набавка на природен гас да биде склучен кон крајот на декември.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Алкохол нема да се продава по 21…
Во Сплит стапи на сила нова одлука…
Загреб стана првиот европски град каде што…
Загреб стана првиот град во Европа каде…
Три авиони го гаснат пожарот во Студеничани
Три авиони се вклучени во гаснењето на…
Двојна победа за Охрид против Војводина
Ракометарите на Охрид ја постигнаа и втората…
Мицкоски: Доколку ги споредиме месечните растови на…
Премиерот Христијан Мицкоски, во гостувањето во Дневникот…