Бугарскиот претседател разочаран од одлуките на ЕУ: Критериумите за Шенген ги исполнивме уште во 2011 година
Претседателот на Бугарија Румен Радев пред денешниот самит на Европскиот совет во Брисел се осврна на прашањето за пролонгирање на влезот на Бугарија во Шенген зоната и рече дека земјата ги исполнила сите услови за влез во Шенген.
Разочаран од одлуката на министрите пред неколку дена, Радев изјави дека Бугарија ги исполнила сите барања на ЕУ уште во 2011 година, пренесе кликс.ба.
Ги исполнивме сите критериуми уште во 2011 година. Сè друго се внатрешни политики на државите кои се жалеа. Не можам да зборувам за бројките на мигрантите кои минуваат низ Бугарија. Повеќето од нив доаѓаат преку други рути. Ние сме посветени на заштита на нашата граница. Тројца наши граничари загинаа, беа убиени штитејќи ја границата. Овие луѓе ги дадоа животите штитејќи ја надворешната граница на ЕУ и земјите северно и западно од нас – рече Радев.
Тој исто така нагласи дека очекува Бугарија да биде третирана исто како и другите земји-членки на ЕУ.
Бараме Бугарија да се третира исто како и другите земји. Бев во комуникација со австрискиот премиер Нехамер, со претседателот на Австрија и верувам дека заедно можеме многу брзо да најдеме решение. Правиме сè што можеме за да ја заштитиме надворешната граница на ЕУ. Не нè оставајте сами. Ниту една земја сама не може ништо да направи – заклучи Радев.
Хрватска од 1 јануари 2023 година ќе стане членка на Шенген зоната, а Бугарија и Романија уште чекаат влез во Шенген.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривична пријава за охриѓанец, си оградил повеќе…
СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице…
(Видео) Земјотрес од 7,2 степени го погоди…
Земјотрес со интензитет од 7,2 степени по…
САД воведоа нови санкции против Куба, насочени…
САД денес воведоа нови санкции врз Куба,…
Гори кај Никуштак: Интервенираат „ер тракторите“ на…
Во тек е интервенција на пожарот во…
„Август е проклет месец“: Путин под притисок…
Украина му го отежна животот на Владимир…