На Борел му зовре: „Ќе кажам сè“!
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жосеп Бореч изјави дека денеска на самитот во Брисел лидерите на ЕУ ќе бидат информирани за тензиите на Косово.
„Знаете дека во последните денови имавме многу тензии на северот на Косово. Го испратив нашиот специјален претставник Мирослав Лајчак во Приштина и Белград. Ќе ги информирам лидерите за ситуацијата и ќе се обидам да ја смирам ситуацијата и да се вратам на дијалогот. Ова е единствениот начин да се обезбеди европската иднина на Косово и Србија“, рече Борел пред денешната средба.
Тој посочи дека од апсолутна важност е да престанат немирите, да се скршат барикадите, да се врати смиреноста и дискусијата, како што посочи, „за предлогот што го ставивме на маса за да се најде трајно и кохерентно решение на тензиите меѓу Приштина и Белград“.
Борел најави и дека се очекува лидерите да го потврдат кандидатскиот статус на Босна и Херцеговина.
„Ова треба да биде добра можност лидерите на БиХ да работат на реформите“, рече Борел и додаде дека ова е многу важен чекор за БиХ и за целиот регион.
Лидерите на ЕУ денеска ќе се сретнат во Брисел, каде ќе разговараат за војната во Украина, прашања поврзани со енергијата и економијата, безбедноста, одбраната и надворешните односи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривична пријава за охриѓанец, си оградил повеќе…
СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице…
(Видео) Земјотрес од 7,2 степени го погоди…
Земјотрес со интензитет од 7,2 степени по…
САД воведоа нови санкции против Куба, насочени…
САД денес воведоа нови санкции врз Куба,…
Гори кај Никуштак: Интервенираат „ер тракторите“ на…
Во тек е интервенција на пожарот во…
„Август е проклет месец“: Путин под притисок…
Украина му го отежна животот на Владимир…