ЌЕ ГИ УБИЕМЕ СИТЕ: Вознемирувачка порака во електронската пошта до кумановските училишта

t

Ајде Нова година, ги скратуваме часовите ве честам, вака директорката на ООУ „Браќа Миладиновци“ од Куманово Јасмина Спасовска ги испразнила училниците денеска по дојавата за бомба во училиштето.

Учениците беа изведени без паника од училниците, влегов реков „Ајде Нова година, ги скратуваме часовите ве честам“, за да направиме атмосферата да не биде панична. За осум минути беа изведени учениците и вработените од објектот – изјави Спасовска, пишуваат кумановскимуабети.мк.

Мејлот пристигнал во 09:10 часот, како групен испратен до повеќе училишта од градот, а во него има вознемирувачка закана.

Нема да се криеме. Убиства се потребни. Ние ќе убиеме. Потребно е уништување. Ние ќе уништиме. Жал ни е за тоа што невини луѓе мораат да страдаат. Не постои друг начин. Ќе ја срушиме северномакедонската влада. Нашите очи се вперени на премиерот на Македонија и неговата партија. Ќе ги убиеме сите, стои во електронската порака.

Бидејќи не била посочена локација, туку заканата стигнала на мејлот, директорката пристапила и кон евакуација на подрачните училишта „Тане Георгиев“ и во Соколана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОЖАР ВО СЕДИШТЕТО НА ЦИА: Пожарникари интервенирале…

Пожар избувнал во седиштето на американската Централна…

САД предупредуваат дека украинските напади длабоко на…

Пентагон денеска ги замоли западните земји кои…

КИБЕРНАПАД ВРЗ НАЈГОЛЕМИОТ СНАБДУВАЧ СО ПРИРОДЕН ГАС…

Норвешкиот енергетски гигант „Еквинор“ (Equinor), најголемиот снабдувач…

ПОРАНЕШНИОТ БУГАРСКИ ЦАР СО ПОРАКА ПО СРЕДБАТА…

Поранешниот бугарски цар и експремиер Симеон Сакскобурготски…

НЕОЧЕКУВАН ПОВИК ВО ИЗРАЕЛСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Нетанјаху итно…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, според информации што…