Дачиќ: Најважно е што побргу да дојде до деескалација на судирите на Косово
Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денеска изјави дека е неизвесно што ќе се случи со Косово по аплицирањето за членство во ЕУ и нагласи дека добил ветување од министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, дека ќе гласа против. Тој воедно кажа дека потребно што побргу да дојде до деескалација на судирите на Косово, јави допсиникот на МИА од Белград.
-Сијарто лично ми вети дека ќе гласа против! Прашање е дали воопшто ќе има гласање, или претседавачката Република Чешка ќе го постави ова како процедурално прашање…, рече Дачиќ.
Коментирајќи ги настаните на Косово, Дачиќ оцени дека најважно е што поскоро да се деескалира конфликтот на Косово.
-Во наредните денови ќе работиме на деескалација и дури потоа ќе можеме да зборуваме за посериозни теми врз основа на Бриселскиот договор, рече Дачиќ и потсети дека денеска е седницата на Европскиот совет, на која сите лидери на ЕУ се на таа средба и секако ќе се разговара и за ситуацијата на Косово. Лајчак и Борел секако ќе информираат што се случува, заклучи министерот Дачиќ.
Коментирајќи ја средбата со американскиот специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, министерот рече дека е добро што Ескобар слушнал дека Бриселскиот договор е правно обврзувачки и дека формирањето на Заедницата на српските општини е итно прашање што треба да се реши што е можно поскоро. Дачиќ кажа дека не е изненаден од таа изјава за ЗСО и дека таквиот став се повторува долго време и истакна дека пристапот на САД во однос на ова прашање е многу коректен.
-Ескобар ја употреби формулацијата за Бриселскиот договор што е во наша корист. Тој рече дека договорот е правно обврзувачки. Некои други европски претставници не се толку цврсти по тоа прашање. Министерката Бербок ми кажа дека ниту еден косовски премиер нема да прифати формирање на Заедница на српски општини. Меѓутоа, кога беше потпишан Бриселскиот договор, Хашим Тачи беше премиер. Тој го потпиша, потсети Дачиќ. Парадоксот, како што рече, е што за некои постои Бриселски договор, а за некои не. Тој додаде дека затоа претседателот Вучиќ ги набројал сите меѓународни договори и прашал кој договор е прифатлив за нив.
-Очигледно е дека Приштина не сака ништо да се почитува и тука е доведено во прашање продолжувањето на дијалогот. Документите на Самитот во Солун се однесуваат на резолуцијата 1244. Сите тврдења дека договорите и резолуциите не се актуелни служат за поттикнување Курти ништо да не прифаќа и да ја продолжи својата агенда, рече Дачиќ.
Тој го коментираше ставот на меѓународната заедница во врска со враќањето на косовските Срби во институциите на Косово.
-Тоа не е едноставна ситуација. Србите немаат каде ниту како да се вратат во институциите. Претставниците на меѓународната заедница изјавија дека Курти во моментов е најголемиот проблем. Тие исто така сметаат дека додека Курти е на власт, нема да има ништо почитување на Бриселскиот договор, рече Дачиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривична пријава за охриѓанец, си оградил повеќе…
СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице…
(Видео) Земјотрес од 7,2 степени го погоди…
Земјотрес со интензитет од 7,2 степени по…
САД воведоа нови санкции против Куба, насочени…
САД денес воведоа нови санкции врз Куба,…
Гори кај Никуштак: Интервенираат „ер тракторите“ на…
Во тек е интервенција на пожарот во…
„Август е проклет месец“: Путин под притисок…
Украина му го отежна животот на Владимир…