Во Македонија беснее грип: Последниве седум дена бројот на грипозни болни зголемен за 60 проценти – починат еден пациент

t

Оваа недела бројот на заболени од грип е зголемен за дури 60 проценти во однос на претходната недела. Во периодот од 05.12 до 11.12.2022 година евидентирани се 93 случаи на заболени од грип/заболувања слични на грип. Минатата недела оваа бројка изнесуваше 58 болни.

Најголемиот број на заболени се во возрасната категорија од 15-64 години (51), меѓу децата на возраст од пет до 14 години бројката изнесува 25, додека во возрсната група од 0 до четири години заразени се осум деца. Девет лица се на возраст од над 65 години. Највисока инциденца или појавност е регистрирана кај деца на возраст од пет до 14 години.
Најмногу заболени има во Тетово, 36, по што следат Гостивар, Куманово, а во Кавадарци, Дебар, Струга, Прилеп, Скопје и Струмица, бројот на пријавени е помал од 10.

Оваа недела, регистриран е еден смртен случај асоциран со грип. Се работи за лице на возраст од 60 години од Скопје кој бил хоспитализирани во УК за Пулмоалергологија во Скопје. Кај починатото лице е утврдено присуство на коморбидитети (кардиоваскуларни и белодробни) и не бил вакциниран со вакцина против сезонски грип. Кај починатото лице, лабораториски е потврдена Influenza A несубтипизиран.

За време на овој период во вирусолошката лабораторија на Институтот за јавно здравје пристигнале 252 материјали за лабораториско тестирање на грип. Притоа, детектирани се 3 (1,2%) позитивни случаи, еден од рутинскиот надзор и 2 позитивен случај од сентинел САРИ надзорот, 2 Influenza A несубтипизирани и еден Influenza A/H3.

Според тестирањата, шест пациенти се со дијагностициран респираторен синцицијален вирус. Кај еден примерок е детектирано присуство на Adeno virus. Пријавената инциденца е под неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип, односно сѐ уште не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип.

Во сезоната 2022/2023 вкупниот број на случаи на грип/ заболувања слични на грип изнесува 295.

Експертите од Одделота епидемиологија на заразни болести Институт за јавно здравје велат дека се забележува зголемување на бројот на заболувања слични на грип, но уверуваат дека бројката се уште е под неделната граница за сезонска активност.

Пишува: Александра Милошевска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…