Курти ја поднесе апликацијата за членство на Косово во ЕУ
Косовскиот премиер Албин Курти денеска во Прага ја предаде апликацијата на Приштина за членство во ЕУ на чешкиот министер за европски прашања, Микулас Бек.
Курти оцени дека ова е историски ден за Косово, но и голем ден за европската демократија.
„Писмото што го носам ги содржи надежите и соништата на нашите граѓани. Тоа говори за нашите аспирации за влез во ЕУ со кои споделуваме заеднички вредности и идеи“, рече Курти.
Чешкиот министер Бек потврди дека Косово во следните чекори ќе ја има поддршката од неговата земја.
„Ние веруваме дека нашата заедничка иднина е единствениот начин за решавање на проблемите во регионот“, рече Бек.
Вчера лидерите на Косово го потпишаа документот за апликација и го опишаа моментот како „историски“.
Косово е последната земја во регионот која поднесе барање за кандидатски статус.
Од 27 земји-членки на ЕУ, пет од нив сè уште не ја признаваат независноста на Косово.
Земји кои не го признаа Косово се: Шпанија, Романија, Кипар, Грција и Словачка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривична пријава за охриѓанец, си оградил повеќе…
СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице…
(Видео) Земјотрес од 7,2 степени го погоди…
Земјотрес со интензитет од 7,2 степени по…
САД воведоа нови санкции против Куба, насочени…
САД денес воведоа нови санкции врз Куба,…
Гори кај Никуштак: Интервенираат „ер тракторите“ на…
Во тек е интервенција на пожарот во…
„Август е проклет месец“: Путин под притисок…
Украина му го отежна животот на Владимир…