Скопје ќе биде украсено и ќе има новогодишна програма!

t

Отпочнато е украсувањето, традиционално со плоштадот, секогаш во ова време се кити градот Скопје.. Може да видите дека се поставуваат дополнителни содржини на плоштадот и верувамд ека на радост на сите ќе им биде во фокус да го видат.

И додека зборуваме веќе се работи на тоа. Нормалнон не во она мера како што било во претходни години бидејќи имаме економска и енергетска криза, но сакаме да оставиме впечаток и според нас најважно од се е дека градот треба да го направи ова на најдобар можен начин и да заштеди пари.

Затоа што минатата година оној буџет кој го затекнавме имаше малку можности да интервенираме во него, сакавме да предвидиме следната година да купиме нешто со кое ќе накитиме, а д ане чини како што чинело претгодни години по 200.000 евра, лани биле предвидени 248.000 евра и сметајќи го тоа дека годинава се соочивме со многу големи проблеми, пред се енергетската криза, оваа година не купивме украси ама Градот ќе биде накитен.

Оваа година ќе има новогодишен базар, во неговите рамки има доста ентитети и правни лица кои учествуваат во оваа програма, преку нив ќе има се што традиционално треба да има една метропола и верувам дека граѓаните ќе бидат задоволни.

За новогодишната прослава ќе има домашни изведувачи, ќе се обидеме на ист начин како лани да им овозможиме убаво да ја поминат оваа ноќ, истакна Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Парада на гордоста во Скопје на 21…

Шестата по ред Парада на гордоста ќе…

Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…

Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…

Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…

Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…

Изгорел склад за градежни материјали во Скопје

Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…

Невреме со дожд и град го зафати…

Попладнево Скопје беше зафатен од силно невреме…