Ердоган го приземјува Борел: Да не се меша во односите меѓу Русија и Турција!
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска, одговарајќи на повикот на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, дека Турција се приклучува кон санкциите против Русија, изјави дека европскиот политичар нема овластување за односите меѓу Москва и Анкара.
Ердоган, по враќањето од средбата во Туркменистан, посочи дека Борељ може да разговара со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу бидејќи тоа е неговото ниво, објави телевизискиот канал ТРТ, а пренесува руската агенција ТАСС.
„Борељ не може да ги дефинира и официјализира односите на Турција со Русија, бидејќи тој нема ниту квалификации ниту способност да носи такви одлуки“, рече Ердоган.
Борељ неодамна во писмо до Европскиот парламент изјави дека продлабочувањето на врските меѓу Турција и Русија е причина за голема загриженост, како и продолжувањето на политиката на Турција да не се приклучува кон рестриктивните мерки против Русија воведени од ЕУ, пренесува Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД ѝ се заканија на Турција со…
Помошникот на шефот на американското Министерство за…
„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…
Иранската влада побарала од Русија напредни радари…
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…
Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…
„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…
Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…
Министерот за надворешни работи и надворешни економски…