Нови тензии во Косово: Повторно уапсен Србин, обвинет е за воени злосторства!
Поранешниот припадник на косовската полиција од Северна Митровица С.Т. бил уапсен вчера вечер, дознава Косово онлајн.
На социјалните мрежи се појави вест дека Србинот е уапсен околу 22 часот.
Местото на апсењето се уште не е познато, а како што јави репортерот на Косово онлајн, С.Т живее во мешаната населба Бошњачка Махала и е еден од припадниците на косовската полиција кој ја напуштил службата.
Сопругата на уапсениот С.Т. ја потврди веста за апсењето и додаде дека тој се товари за наводно воено злосторство.
Сузана Трајковиќ, сопругата на уапсениот Слаѓан Трајковиќ, изјави дека тој бил уапсен вчера околу 17 часот и дека, како што и било кажано, од Полициската станица во Јужна Митровица веднаш бил префрлен во Приштина.
Таа за Косово онлајн изјави дека на нејзиниот сопруг му бил определен притвор од 48 часа.
„Се уште ништо не знаеме, знаеме дека е приведен 48 часа, јас бев во полициската станица во Јужна Митровица, беа многу груби, а само ми кажаа дека е префрлен во Приштина“, изјави таа.
Таа додаде дека нејзиниот сопруг бил во служба на косовската полиција од 2013 година и дека е неверојатно дека е уапсен сега откако ја напуштил службата.
„За што да се обвинуваат Србите, какво воено злосторство, толку години беше припадник на косовската полиција. Страшно е ова, ова што им се прави на Србите“, вознемирено изјави Трајковиќ.
Како што изјавила, нејзиниот сопруг е дијабетичар, а со себе ги нема потребните лекови.
„Тој е дијабетичар, има и цироза на црниот дроб, вчера цел ден беше во кревет, а нема лекови со него“, додаде таа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…
Косово ќе прифати до 50 мигранти од…
Косовската влада денес одлучи да прифати до…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…