Пендаровски: Американскиот тим ќе доаѓаат и во иднина, но сами ќе треба да ги завршиме работите дома

t

Посетата на американскиот тим за санкции е во функција на скенирање на состојбите во судството, но политичката порака од тоа е дека треба сами да ги завршиме работите дома во таа сфера, смета претседателот Стево Пендаровски, појаснувајќи дека тие „доаѓале и порано, а ќе доаѓаат и во иднина“, да собираат информации врз основа на кои се формира листата на ентитети под санкции.

Претседателот Пендаровски, за американскиот тим за санкции, вели дека тоа се дипломати од Стејт департмент, кои „доаѓале и порано, ќе доаѓаат и во иднина“ и кои собираат информации за тоа што се случува во сферата на судството, и понатаму сосема автономно и независно од нас, ја формираат таа тн. црна листа или листа на ентитети под санкции.

– И она што е најважната политичка порака, која сум ја кажувал и сакам да ја повторам. Тие колку пати и да доаѓаат, не доаѓаат да ја завршат, мојата, вашата работа, или работата на судовите и обвинителствата. Тоа е сосема независна работа, исто како што е Извештајот за човековите права кој Стејт департментот секоја година го објавува – појаснува Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОЖАР ВО СЕДИШТЕТО НА ЦИА: Пожарникари интервенирале…

Пожар избувнал во седиштето на американската Централна…

САД предупредуваат дека украинските напади длабоко на…

Пентагон денеска ги замоли западните земји кои…

КИБЕРНАПАД ВРЗ НАЈГОЛЕМИОТ СНАБДУВАЧ СО ПРИРОДЕН ГАС…

Норвешкиот енергетски гигант „Еквинор“ (Equinor), најголемиот снабдувач…

ПОРАНЕШНИОТ БУГАРСКИ ЦАР СО ПОРАКА ПО СРЕДБАТА…

Поранешниот бугарски цар и експремиер Симеон Сакскобурготски…

НЕОЧЕКУВАН ПОВИК ВО ИЗРАЕЛСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Нетанјаху итно…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, според информации што…