(Фото) Легендарно: Кога Михајловиќ, Виери и Адријано јадеа сендвичи со – плескавици! 

t

Синиша Михајловиќ, кој денеска почина по долга болест на 53-годишна е иницијатор на една од најкултните фудбалски фотографии, барем во регионов, на која се гледа како заедно со големите легенди како Бобо Виери и Адријано јадат плескавици на „бутка“ во Белград.

Ова датира од 2005 година, кога во Србија се играше Европското првенство во кошарка, но јавноста беше преокупирана со доаѓањето на фудбалските ѕвезди, меѓу кои уште беа Дејан Станковиќ и Џузепе Фавали, сите соиграчи од Интер. Тие како и цел нормален ред си чекаа да дојдат до посакуваниот сендвич, а луѓето кои се најдоа таму беа во шок, чудејќи се како трпеливо и мирно стојат, со цел да јадат обична храна иако сите во тоа време вредеа милиони.

Според сведоштвата од вработените, Адријано и Виери биле воодушевени од плескавицата со кромид, која ја изеле буквално во три залака. Фудбалските легенди денот го завршиле на идентичен српски начин, со провод на сплав каде што на увце им пеела Цеца Ражнатовиќ.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Би-би-си“: Новата шефица на МИ6 е внука…

МИ6 денес се обиде да ја дистанцира…

Трамп повторно би го бомбардирал Иран ако…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави…

Турчин приведен во моментот кога сакал да…

На 26.06.2025 во 17:40 часот на Граничниот…

По пожарот во Делчево: Малолетничка побарала помош…

Денеска (27.06.2025) во 00:19 часот во ОВР…