Панчев скршен од болка: Ова е катастрофа, немам сила да зборувам!
Поранешниот македонски фудбалер Дарко Панчев е скршен од болка по тажните вести во Италија дека Синиша Михајловиќ починал откако ја загуби битката со леукемијата.
Панчев кој ја делеше соблекувалната со Михајловиќ во Црвена Звезда немаше сила да зборува и даде кратка изјава за медиумите.
„Немој да се лутите, никогаш не бегав од разговор. Не знам, не можам. Ме погоди многу оваа вест, ова е катастрофа. Што да ви кажам? Едноставно немам сила да зборувам, жал ми е што нè напушти“, вели Панчев.
Михајловиќ имаше леукемија од 2019 година, а двапати успеа да ја победи, но болеста повторно се врати.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Археолози открија автохтон натпис на сад при…
При последните археолошки истражувања на локалитетот „Градиште“,…
Николова: Хаос со актите во образование, се…
Пратеничката на СДСМ Даниела Николова во рамките…
Ердоган: Трамп е подготвен да се приклучи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…
Европа верува дека Иран го преместил ураниумот…
Прелиминарните разузнавачки проценки сугерираат дека Техеран сè…
Половина од учениците со сите петки не…
Министерката за образование и наука Весна Јаневска…