Германското МНР предупредува за заканите со бомби во Македонија
Германското Министерство за надворешни работи предупредува поради заканите со бомби во Македонија, објави Дојче веле.
Закани со бомби против јавни институции и објекти во последно време се регистрирани во главниот град Скопје. Тие првично беа насочени кон училишта и владини објекти, но во меѓувреме се погодени и хотели и други невладини установи. Последно, беше неопходна евакуација на меѓународниот аеродром Скопје, каде сообраќајот мораше да биде привремено запрен. Треба да се смета со ограничувања и сообраќајни проблеми, се вели во информацијата на германското МНР.
Од Берлин се посочува дека досега сѐ е „останато на закани“ и од германските граѓани се бара да бидат будни и претпазливи, како и да се информираат од доверливи локални и социјални медиуми во врска со актуелната ситуација и да ги следат препораките на локалните власти и безбедносни сили.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
МНР го обвинува Радуков дека се меша…
Денеска, во Министерството за надворешни работи и…
Германската агенција за вработување се противи на…
Германската влада планира да ја преполови квотата…