Бриселски “Политико”: Британските пратеници одат во странство за да се пијанчат и посетуваат бордели
Многу британски пратеници ги користат парламентарните патувања во странство како можност прикриено да ги користат услугите на проститутките и да пијат прекумерно, велат пратениците и парламентарните претставници за бриселскиот портал Политико.
„Поранешниот конзервативен пратеник, сега член на Домот на лордовите, ги прашал домаќините како да стигне до најблискиот бордел кога отпатувал во Југоисточна Азија во посета на парламентарната група на сите партии (APPG)“, рекол еден пратеник кој беше на патувањето.
Според еден странски дипломат, висок пратеник од Лабуристичката партија покажал наклонетост кон руските девојки за време на патувањето во странство.
Тој рече дека локалните власти се чувствуваат немоќни да интервенираат бидејќи се загрижени за зачувување на нивното влијание во Вестминстер.
Како дел од тековната истрага, Политико разговараше со повеќе од 10 владини претставници и пратеници во ОК и во странство, кои ги потврдија наводите за пијано, развратно или сексуално несоодветно однесување на некои пратеници и дипломати на такви патувања.
Многу пратеници тврдеа дека додека некои колеги имале вистински интерес за односите со земјите во кои патувале, други ги третирале тие патувања како забава.
Локалните власти соопштија дека некои пратеници учествувале на забави организирани од дипломатски претставници каде имало машки и женски проститутки.
Одредени пратеници често бараа од локалните власти да си ги покријат трошоците за пиење шампањ и раскошни оброци, пренесува Танјуг.
Поранешниот конзервативен пратеник инсистираше да ги користи услугите на проститутките за време на неговата посета на Кина, што другите пратеници на шега го нарекоа „добивање букет во хотелска соба“, изјави еден од присутните на патувањето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија и Франција клучни за европската одбрана,…
Поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог…
Шест од десет Британци сакаат државата да…
Британскиот премиер Кир Стармер повика на „подлабоки…
Илјадници патници заглавени меѓу Британија и Франција…
Проблеми со напојувањето во Евротунелот (Channel Tunnel)…
Кралот Чарлс за нападот во воз кај…
Британскиот крал Чарлс III денес изјави дека…
Иронија: Британска министерка ограбена на состанок со…
На британската министерка за внатрешни работи Диана…