Петровска им подели новогодишни пакетчиња на украински дечиња во Македонија

t

Театарска претстава со Дедо Мраз и новогодишни пакетчиња во духот на празничниот период. Така изгледаше денешниот хуманитарен хепенинг кој денеска го организираше Министерството за одбрана во соработка со амбасадата на Украина во Македонија во Skopje City Mall.

На хуманитарниот хепенинг присуствуваше министерката за одбрана, Славјанка Петровска и амбасадорката на Украина, Лариса Дир. Намерата на министерката Петровска и Министерството е со овој настан да внесе среќа и радост во очите на дечињата и топлина во нивните срца, да покаже дека тие не се сами и дека се грижиме за нив.

„Тука се дружиме со дечињата кои своите прибежиште го најдоа во Република Македонија, украинските деца кои страдаат од војната и од случувањата во Украина. Радосни сме и задоволни сме што заедно со амбасадорката Дир, Министерството за одбрана беше организатор на овој убав настан и им благодариме на сите оние добри луѓе кои ни се приклучија. Целта е да кажеме дека покрај политичката поддршка која што е несомнена и која што изминатиов период ја дававме и сè уште ја даваме и ќе ја даваме до крај на Украина, сепак се грижиме и за малите дечиња кои се тука во Република Македонија“, рече министерката.

Република Македонија, истакна Петровска, е нивен топол дом и изрази надеж дека тие уживаат во овие среќни новогодишни и божиќни празници, затоа што секое дете заслужува да биде среќно.

„Денес, чуда и добрина Украинците среќаваат во пријателската Македонија, бидејќи нивните куќи во Украина се наоѓаат под постојано руско гранатирање. Македонија ги засолни украинските деца од руската војна. А денес, Македонија на тие деца им поклони празник. Благодарна сум ѝ на министерката за одбрана Славјанка Петровска, за ваквата благородна идеја за создавање на бајковито расположение, за подарување на впечатоци на децата“, рече амбасадорката Дир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петровска до ВМРО-ДПМНЕ: Каде сте „патриотчиња“ –…

Во синоќешното обраќање од собраниската говорница, ексминистерката…

Славјанка е новата министерка за одбрана?

Новиот лидер на СДСМ и мандатар за…