Вучиќ: Никогаш нема да ви ја дадеме Србија на тацна, таа е на српскиот народ
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, им порача на Приштина и на сите други дека земјата Србија нема да им биде предадена на тацна, онака како што тие би сакале и дека Србија припаѓа на српскиот народ.
– Мора да ја спасиме државата, ќе успееме да привлечеме инвестиции и да го зголемиме БДП и платите и пензиите и да го зголемиме животниот стандард, но мора да ја спасиме нашата земја“, рече Вучиќ на Конгресот на СНС.
Тој вели дека во изминатите денови може да се види многу нелогичност за настаните на Косово и Метохија.
„Овие наши западни пријатели и партнери велат, Приштина го деескалираше конфликтот откако ги одложија изборите и само 15 часа пред да дојдоа со долги цевки да заземат четири простории на општинските изборни комисии на северот на Косово. 15 часа претходно не знаеја што ќе направат“, истакна Вучиќ.
Тој посочи дека приштинските власти апсат и малтретираат Срби, а велат и дека работат на деескалација. А потоа утрото го уапсија Срѓан Трајковиќ, наводно обвинувајќи го за воени злосторства, иако речиси девет години работел во косовската полиција, а сега не контактира со семејството и не добива лекови, рече Вучиќ.
– Државата Србија нема да ви ја дадеме за ништо на светот, не сонувајте за тоа, никогаш нема да ја добиете, државата Србија им припаѓа на нејзините граѓани и на овој народ“, рече Вучиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Не ѝ служам ниту на Америка, ниту…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, порача дека…
Македонски национален совет: Споменикот „Мајка Македонија“ не…
Македонскиот национален совет објави дека иницијативата за…
Грција и Бугаријa против „Мајка Македонија“ во…
Иницијативата за подигнување споменик „Мајка Македонија“ во…
Поради топлотниот бран во Србија се троши…
Министерката за рударство и енергетика на Србија,…
Србија и Албанија се договориле да отвораат…
Србија и Албанија начелно се договориле да…