Левица: ТИМЧО МУЦИНСКИ ФАТЕН ВО ЛАЖЕН ДЕМАНТ ЗА СЛУЧАЈОТ СО КАФЕ ХЕЛИУМ

t

По побараниот вонреден инспекциски надзор од Комуналната инспекција во Град Скопје поради основаното сомнение дека Бобан Несторовски газдата на кафе Хелиум незаконски узурипра зелена површина. Инспекторатот ја утврди фактичката состојба на теренот, а тоа е дека сомнежите за неправилности на нашите советници беа издржани и точни.

Општината на чело со градоначалникот Тимчо Муцунски целосно се стави во одбрана на локалниот шерифлук, кој е директно во колизија со јавниот интерес на жителите на општина Аеродром и им служи само на одредени криминални и насилни поединци, кои ги тероризираат жителите со својот башибозук.

Општината по укажувањето на нашите советници за незаконско работење на неколку угостителски локали влезе во своевидна медиумска војна со деманти, како сѐ е по закон, спротивно на нашите укажувања и барања истата законски да постапува во сите случаи без исклучок.

Еден таков пример е конкретно со демантот за кафе Хелиум за кој според комуналната инспекција на Град Скопје се испостави дека е неточен и не соодветствува со фактичката состојба на теренот и со законите. Со што општината на очиглед на јавноста се стави во одбрана на локалните шерифи, наместо да биде во одбрана на јавниот интерес на нејзините жители и на законот.

Според законот по утврдените неправилности од страна на комуналниот инспектор за урбаната опрема на Кафе Хелиум, Општина Аеродром преку Градежниот инспектор во општината е должна да му достави решение за рушење на спорните делови од терасата на кафулето.

Советничката група на Левица во општина Аеродром очекува Градежниот инспектор на општината во итна постапка да постапи според законот и да достави решение за рушење на спорниот дел од кафулето во спротивно Левица ќе биде приморана да поднесе кривична пријава до обвинителството против службите на општината за непостапување според закон и злоупотреба на службената положба.

Нашите советници и активисти секогаш ќе бидат на страната на јавниот интерес на жителите и ќе го бранат истиот бескомпромисно и без колебање. Па макар биле и жртви на бахатоста на насилните локални шерифи, како што неодамна беа еден наш советник и неговиот брат и двајцата членови на Левица и истакнати активисти во борбата за поубав живот за сите нас, нашите деца и нашите внуци.

  • Целиот текст на Левица на следниот линк:

https://www.facebook.com/100068407923823/posts/pfbid0dMhN4Ds3nCEDGqfPLdywW2dVthkTyGQP1nxDdpwUpxtheLTxWrMkm562AwrxujoBl/?mibextid=Nif5oz

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОЖАР ВО СЕДИШТЕТО НА ЦИА: Пожарникари интервенирале…

Пожар избувнал во седиштето на американската Централна…

САД предупредуваат дека украинските напади длабоко на…

Пентагон денеска ги замоли западните земји кои…

КИБЕРНАПАД ВРЗ НАЈГОЛЕМИОТ СНАБДУВАЧ СО ПРИРОДЕН ГАС…

Норвешкиот енергетски гигант „Еквинор“ (Equinor), најголемиот снабдувач…

ПОРАНЕШНИОТ БУГАРСКИ ЦАР СО ПОРАКА ПО СРЕДБАТА…

Поранешниот бугарски цар и експремиер Симеон Сакскобурготски…

НЕОЧЕКУВАН ПОВИК ВО ИЗРАЕЛСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Нетанјаху итно…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, според информации што…