Сериозни непријатности за Трамп: Подготвени се најмалку три кривични пријави за поранешниот американски претседател

t

На 6 јануари 2023 година, комитетот на американскиот Конгрес, кој се занимава со упадот на Капитол, треба да гласа за барањето до Министерството за правда да поднесе најмалку три кривични пријави против поранешниот претседател Доналд Трамп, вклучително и обвиненијата за бунт, објави „Политико“.

Членовите на Комитетот ќе го разгледаат ваквиот предлог на седницата в понеделник, а покрај кривичната пријава за бунт, Трамп се товари и за кривичните дела: попречување на службена постапка и здружување за измама на Владата на САД.

Нејасно е дали конечниот извештај на Комитетот ќе препорача дополнителни обвиненија против Трамп покрај овие три и дали ќе бидат поднесени кривични пријави против други луѓе кои му помогнале на Трамп да се обиде да спречи изборен пораз.

Според соговорникот на „Политико“, документот што ќе го разгледува Комисијата содржи опширно образложение за сите препорачани кривични пријави.

Портпаролот на конгресната комисија одбил да ги коментира наодите на „Политико“, додека портпаролот на Трамп ги осуди плановите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почна апсењето на пироманите: Полицијата приведе маж…

Полицијата приведе 38-годишен маж од Македонски Брод…

МВР: Приведен возач од СОЗР, примил мито…

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) велат…

(Видео) Техеран: Оштетивме американски носач и разурнувач,…

Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) денеска соопшти…

Од 15 до 30 минути се чека…

На Граничниот премин Богородица, времето на чекање…

СДСМ: Мито земаат дури и возачите на…

СДСМ преку соопштение реагираше по информацијата дека…