Дешан спремил изненадување – Мбапе ќе игра центарфор, Жиру ќе седи на клупа?!
Францускиот селектор Дидие Дешан спремил изненадување за Аргентина со стартниот тим, најавуваат француските медиуми и тоа во нападот, па стартната „деветка“ Оливие Жиру нема да биде во првите единаесетмина, туку на негово место ќе игра – Килијан Мбапе.
Малку е нелогично сето ова, зашто со Жиру „триколорите“ ќе добијат во предност и со нафрлени топки зашто аргентинските дефанзивци се ниски, но наводно Дешан се решил за поинаква стратегија во која Маркус Турам треба да влезе во првите 11 на левокрилната позиција каде дејствуваше Мбапе, а првата француска ѕвезда да ја добие улогата на центарфор, додека лево крило би останал Осман Дембеле.
Франција тренираше денеска со сите расположливи сили, па на тренингот беа и Адриен Рабио, Дајот Упемекано, Кингсли Коман, Ибрахима Конате и Рафаел Варан, сите кои се разболеа во изминативе седум дена. Рабио и Упемекано не играа со Мароко поради болеста.
Франција ја брани светската титула од Русија, а според најавите други промени не би требало да има во одбраната и средниот ред, каде би требало да се врати Упемекано на местото на Конате како партнер на Варан со Тео Ернандез и Жил Кунде на страничните позиции, а Орелиен Чуамени, Рабио и Ентоан Гризман да биде тројката во средниот ред.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кинеските технолошки гиганти нарачале чипови од „Нвидиа“…
„БајтДенс“, „Алибаба“ и „Тенсент“ нарачале повеќе од…
Италија испраќа 500 војници во Милано по…
Италијанските власти планираат распоредување 500 војници во…
Вашингтон го отстранува DeepSeek од државните системи:…
Американското Министерство за домашна безбедност нареди отстранување…
САД ѝ се заканија на ЕУ со…
Американскиот амбасадор во Европската Унија, Ендрју Паздер,…
Турција го испрати во парламент одбранбениот пакт…
Турција го доставила на парламентарна ратификација одбранбениот…