Објавено на:

Жиру повреден?

t

Нови грижи за францускиот фудбалски состав во пресрет на големото финале. „Триколорите“ одново играат фантастичен турнир и заслужено се во големото финале на Светското првенство.

По полуфиналната средба со Мароко, од редовите на бранителот на титулата доаѓаат само лоши вести. Откако „триколорите“ беа погодени од мистериозен вирус, кој остави неколку играчи надвор од тренажен процес, сега Оливие Жиру е тој што загрижува.

Искусниот напаѓач, кој повторно игра брилијантно, се пожалил на болки на коленото, повреда која што ја почувствувал уште пред натпреварот со Мароко, но тогаш собра сили и започна од првата минута. Најдобриот стрелец во историјата на француската репрезентација во разговор со Дешамп наводно му соопштил дека и покрај сè сака да биде во почетниот тим, но последниот збор за тоа го има токму селекторот.

Уште од претходно се знае дека Конате, Упамекано и Варан се погодените фудбалери од мистериозниот вирус, но последните информации се охрабрувачки, бидејќи проблеми со вирусот имал само уште Варан, додека дефанзивците на Баерн Минхен и Ливерпул им се вратија на тренинзите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руски воен сателит опасно се приближил до…

Руски воен сателит се приближил на околу…

ИЗРАЕЛ ВО НАЈВИСОКА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ: „Сè зависи…

Израелските вооружени сили се наоѓаат во состојба…

СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не…

Српската Студентска листа излезе со сериозни обвинувања…

(Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани…

По пропаѓањето на АЛТА банка во Србија,…

Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…