Апостолски: Во Хаг се водат истраги против македонски државјани за воени злосторства сторени во Косово

t

Специјалниот суд за воени злосторства за Косово во Хаг води истраги против македонски државјани за воени злосторства сторени во Косово, вели адвокатот Антонио Апостолски во интервју за информативниот портал НетПрес.

Во интервјуто, Апостослки зборува за првата пресуда во Хашкиот суд против поранешниот командант на косовското ОВК, Салих Мустафа, осуден на 26 години казна затвор за воени злосторства против цивили, како и за случаи покренати од Сепцијалното обвинителство за воени злосторства против македонски државјани за дела сторени во Косово.

Апостолски објаснува дека во моментов најпознат случај кој го суди овој суд е против поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи кој се товари дека извршил злосторствата во периодот од најмалку март 1998 година до септември 1999 година и се случиле на неколку локации низ Косово, како и во Кукс и Чахан, во Северна Албанија. Тој тврди дека трибуналот води истраги и против македонски државјани.

„Специјалниот обвинител водеше активни истраги и против државјани на Република Македонија за воени злосторства на територијата на Косово. Сепак, додека не се подигне обвинение и истото не стане достапно до јавност не може да се претпостави против кои лица ќе биде поднесено обвинение. Доколку има докази и доколку се утврди индивидуална или командна одговорност, секако дека ќе биде поднесено обвинение“, вели Апостослки во интервјуто за НетПрес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Босна и Херцеговина привремено ги затвора амбасадите…

Заедничките институции на БиХ започнаа подготовки за…

Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…

Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…

Рокас без предвидување за извештајот на ЕП:…

Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека не може…

Просечната нето плата во април 45.452 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…

Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…