Ви текнало дека можеби е оправдано? Димитров: Продолжува антибугарското расположение во Македонија

t

Претседателот на бугарската страна од Мешовитата историска комисија Ангел Димитров смета дека во земјава „продолжува антибугарското расположение“.

-Не гледам политички сигнали за некаква промена во нивното политичко поведение и начин на кој се однесуваат со Бугарија и покрај тоа што им го сигнализираше ЕУ за време на француското ротирачко претседателство. За мене ова е сериозен проблем. Кога се вели дека овие антибугарски перманентни напади во последните месеци против бугарските културни клубови и против поединечни луѓе беа последователни потреси на бугарската позиција за брзото прифаќање во ЕУ, тоа зборува или за целосно незнаење или веројатен недостаток за самокритика, рекол Димитров во интервју за БНР.

Тој се осврнал и состојбите на целиот регион.

-Проблемите во Западен Балкан остануваат. Ревизионизмот не исчезна. Тоа го гледаме во однесувањето на Белград. Донекаде сум изненаден од овој континуиран политички момент на снисходење кон најголемата земја на Западен Балкан. Многу порешително треба да биде однесувањето на Брисел и на повлијателните земји кои имаат директни контакти и можат да влијаат на настаните во регионот. Пукнатините се многу сериозни од Белград до Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово, која е најжешката точка, но и во Македонија, истакнал бугарскиот историчар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија е најголема закана за Македонија –…

Балканските земји се сметаат за непријатели, покажува…

КИРИЛ ПЕТКОВ ПОВРЕДЕН ВО ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА…

Кирил Петков, поранешниот премиер на Бугарија имал…

Претседателката Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе ги…

Чернева: Тешко дека Македонија ќе почне преговори…

Директорка на канцеларијата на Европскиот совет за…

Траги-комедија: Се степале две 80-годишни баби во…

Две постари жени во саботата попладне се…