Трговската размена меѓу Македонија и Србија зголемена за 20%

t

Гувернерката на Народната банка на Македонија, Анита Ангеловска-Бeжоска, оцени дека иницијативата „Отворен Балкан“ веќе дава резултати, бидејќи трговската размена меѓу Србија и Македонија годинава е зголемена за 20 отсто.

„Може да има ефект и напорите за поврзување на пазарот на трудот во услови кога сите три земји се соочуваат со намалување на работоспособното население. Зголемената интеграција може да ги направи економиите поконкурентни и поатрактивни за директни странски инвестиции“, заклучила гувернерката во интервју за „Вечерње новости“.

Таа појаснила дека институцијата има добра соработка со Народната банка на Србија и го наведе примерот со вклучувањето на динарите и денарите во курсевите на две национални банки, што овозможило тргување со тие валути на домашните пазари и ја олеснило економската соработка меѓу двете земји.

Ангеловска Божоска порачала дека централните банки на Македонија и Србија постигнале високо ниво на подготвеност да преминат кон еврото.

„Двете земји видно работат во континуитет за да обезбедат, кога ќе дојде моментот, побрзо да поминат низ процесот на монетарна интеграција. Првиот услов е полноправно членство во ЕУ. Вториот е исполнување на критериумите од Мастрихт, а двете земји имаат покажаа добри перформанси на овој план, што укажува на висок степен на подготвеност. Впрочем, извештајот на Европската комисија укажува на ваквите наоди“, рече гувернерката на Народната банка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…

Група од 25 членови на Српската академија…

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…

Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…

Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…

Целта на Пекинг е да ги најави…

Германија бара од Србија да соработува со…

Германската амбасада во Приштина објави дека српските…