Убиен македонски државјанин во Бугарија?! – Пронајден е мртов пред шопинг мол – институциите молчат

t

Инфомакс дознава дека македонски државјанин е пронајден мртов пред шопинг мол во соседна Бугарија. Информациите не се потврдени од македонското МНР и македонското МВР иако и официјално Инфомакс побара одговор од наделжните институции.

Официјална потврда нема ниту од бугарските надлежни институции.

Веста за смртта на Стојан Спасов ја сподели негов пријател на социјалните мрежи кој потенцира дека и после два дена од неговата смрт молчат и државните институции и медиумите. Во моментов не е позната ниту причина за смрт иако неговиот пријател тврди дека тој е убиен.

-Сабота, 17ти Декември, е убиен македонски државјанин во соседна Бугарија, Стојан Спасов. Два дена после неговата смрт, никој од македонските медиуми не го објавува случајот. Столе е пронајден мртов пред шопинг мол. Телото е на обдукција и се уште не знаат како е настаната смртта. Апелирам до медиумите да ја објават веста за неговата смрт!Истовремено апелирам до македонската полиција и до македонските служби да помогне во обдукцијата да се дознае вистинската причина за смртта, и да помогне за враќање на телото во нашата држава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изгореле куќа и помошна просторија во пробиштипското…

Во пожар кој избувнал вчера во селото…

Нема да избегам ако ги изгубам изборите,…

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес ги отфрли…

ВЛЕН: ИСТОРИСКИ ЧЕКОР ЗА ЗДРАВСТВОТО ВО ТЕТОВО,…

Здравството е меѓу главните приоритети на ВЛЕН,…

Канада воведува нови царини за американските производи

Канада од 8 септември ќе воведе царини…

Ангелов: Ја изгубивме контролата над пожарот во…

Центарот за управување со кризи известува дека…