Пронајден и уапсен возачот кој го прегази и усмрти малолетното девојче од Велес!

t

МВР го пронајде и приведе возачот кој прегази и усмрти мало девојче во Велес, информираат од Министертсвото.

– Денеска (19.12.2022) во 11.30 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Велес во Велес го лишија од слобода А.Н.(29) од Велес, кој на 17.12.2022 околу 22.15 часот на ул.„Борис Трајковски“ во Велес со патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки удри во пешаците Е.И.(43) и нејзината малолетна ќерка, по што го напушти местото. Притоа, малолетното девојче почина на местото, а нејзината мајка се здоби со телесни повреди.


Лицето е приведено во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во соопштението на МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсена велешанка која се обидела да го…

Полицијата во Велес уапси 30-годишна велешанка поради…

Велешанка физички нападната во нејзиниот дом

71-годишна велешанка пријавила дека во нејзиниот дом…

Уапсен e возачот по трагедијата во која…

Полицијата го уапси возачот на автомобилот по…

Камионот што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа…

Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички…

(Фото) Слета во бездна длабока 150 метри,…

Возачот кој утрово со својот автомобил слета…