Курти: Никогаш немало потреба од српска војска на Косово

t

Премиерот Албин Курти изјави дека министерот за внатрешни работи Џелал Свечља е во постојан контакт со командантот на КФОР, а оваа мисија, според Курти, побарала повеќе време од косовските институции за отстранување на барикадите, пренесува Дукаѓини.


„Свечља не останува во Приштина, постојано е во Митровица, постојано е во контакт со командата на КФОР во врска со отстранувањето на барикадите. Кфор ни побара уште малку време. Во постојана комуникација сме со Кфор, такви барикади нема долго да се толерираат“, рече Курти.

Тој додаде дека ова е „почеток на последната фаза на нелегалните структури на Србија на северот на Косово“.

Запрашан за вчерашниот митинг во Јариње, Курти нагласи дека илегалните структури на Србија сакаат да го вратат Косово во деведесеттите.

„Не можам да кажам дека тоа е граѓански протест, кога има вооружени луѓе кои сакаат Косово да се врати во деведесеттите и кои носат пароли и слики од деспотскиот претседател Путин. Тие што имаат намера да го дестабилизираат Косово ќе пропаднат. Вчера не успеаја, намерата им беше да дојдат на Косово. Ги немаше толку колку што очекуваа, а безбедносните власти на Република Косово и меѓународните сили се грижеа за безбедноста и мирот“, рече Курти.

Во врска со барањето на Србија до КФОР за враќање на илјада припадници на српската војска и полиција на Косово, Курти рече дека НАТО ќе биде против тоа, пренесе Љајми.

„Никогаш немало потреба од српски војници во Република Косово, никогаш немало потреба од српски војници ниту во 20 ниту во 19 век. Со овие барања тие покажуваат дека останале во деветнаесеттиот и дваесеттиот век. Се разбира, НАТО ќе биде против тоа, а тие исто така многу добро разбираат дека тие кутри српски војници, кои тврдат дека ги носат во нашата земја, немаат каде да дојдат на Косово. Така што ова е повеќе израз на нивната немоќ отколку на нивната моќ. – изјави Курти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Косово привремено забрани увоз на овци и…

Привремено е забранет увозот во Косово на…

Руте: НАТО останува на Косово и во…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес…

Косово: Селекцијата на депортираните од САД ќе…

Привремената косовска влада објави дека изборот на…

Кина меѓу главните земји од кои се…

Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…