Амбасадата на САД со шамар за властите: Ги следиме судските предмети, но не коментираме и не се мешаме!

t

Нема “шокираност”, нема “згрозеност”, ниту каков било коментар за одлуката на апелација за предметот “Таргет-Тврдина” од страна на американската амбасада. Амбасадата на САД денеска им одржа лекција на поранешниот премиер Зоран Заев и сите високи функционери на СДСМ кои го следеа неговиот пример и се поставија како судии над судиите, директно мешајќи се во работата на скопска апелација во обид да извршат политички притисок врз судството.За разлика од нив, американската амбасада не изразува ниту “шокираност”, ниту “згрозеност” или “загриженост”.

Амбасадата за разлика од Заев и неговите блиски соработници не сака и нема намера са коментира судски одлуки.За порталот а1.on од таму изјавиле дека немаат намера да коментираат и да се мешаат во работата на судовите “Амбасадата на САД ги следи одлуките на судот за предметите „Таргет-тврдина“ кој се однесува на масовното прислушкување и „Трезор“, двата со укинати пресуди од Апелација, со што е ослободен Сашо Мијалков. Без оглед на неодамнешните одлуки на судот во случаите ‘Трезор’ и ‘Таргет-тврдина’, санкциите на САД против Сашо Мијалков остануваат на сила”.Изминативе денови брјни функционери од извршната и законодавната власт излегоа надвор од своите ингеренции и се вмешаа во работата на судската власт. Зоран Заев, Стево Пендаровски, Славица Грковска, Оливер Спасовски, Димитар Ковачевски, како и партиите Левица и Алијанса политички политички ја нападнаа работата на судот.Одбраната на Сашо Мијалков реагираше и најави дека ќе испрати претставка до Стразбур, бидејќи со флагрантното мешање на власта, не може да се очекува фер атмосфера за одржување на повторениот судски процес.“Одбраната на господинот Сашо Мијалков ја поздравува одлуката на Апелациониот суд во Скопје затоа што е законита и праведна и заснована на доказите и фактите кои се наведени во жалбата поднесена против првостепената пресуда.Во текот на целата главна расправа одбраната укажуваше на бројните повреди на законот.

Повреди кои доведоа до неоснована и правно неиздржана пресуда. Наместо да одговори на сите отворени прашања околу незаконското следење на комуникации, Основниот суд без аргументи и докази донесе осудителна пресуда против нашиот клиент.

Пресуда за која беше јасно дека нема да ја издржи проверката во повисокиот суд.Актуелните политички напади врз судскиот совет во Апелациониот суд во Скопје кој одлучуваше по поднесените жалби за предметот се неприфатливи и заслужуваат најсериозна осуда.Одбраната се уште ја нема добиено пресудата на Апелациониот суд во Скопје и се уште не ги знае аргументите и насоките на второстепениот суд. Знае само дека се изразува “загриженост” или “згрозување” од највисоки државни функционери од извршната власт.

Тоа е директно мешање и вршење притисок врз судската власт која мора да биде независна. Уште позагрижувачки е дека таквиот притисок е јавен и покажува дека оправдан бил стравот за политичко мешање уште од самиот почеток на постапката и се влијаело да се донесе првостепена пресуда каква што беше донесена.За ваквите притисоци и мешање во судската власт ќе го информираме и Судот за човекови права во Стразбур бидејќи цениме дека со тоа се нарушуваат правата на нашиот клиент за фер и правично судење кое во ваква атмосфера и хајка врз судиите е невозможно тоа да се добие.

Ниту Претседателот на државата, ниту министрите во владата не се тие кои треба да носат судски одлуки. Тоа право им припаѓа исклучиво на оние кои дале заклетва дека ќе делат правда и биле избрани за тоа, а се останато е недозволено мешање кое го урива интегритетот на судството кој заради политичките влијанија е сериозно разнишан” реагираа од одбраната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОЖАР ВО СЕДИШТЕТО НА ЦИА: Пожарникари интервенирале…

Пожар избувнал во седиштето на американската Централна…

САД предупредуваат дека украинските напади длабоко на…

Пентагон денеска ги замоли западните земји кои…

КИБЕРНАПАД ВРЗ НАЈГОЛЕМИОТ СНАБДУВАЧ СО ПРИРОДЕН ГАС…

Норвешкиот енергетски гигант „Еквинор“ (Equinor), најголемиот снабдувач…

ПОРАНЕШНИОТ БУГАРСКИ ЦАР СО ПОРАКА ПО СРЕДБАТА…

Поранешниот бугарски цар и експремиер Симеон Сакскобурготски…

НЕОЧЕКУВАН ПОВИК ВО ИЗРАЕЛСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Нетанјаху итно…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, според информации што…