Дургутов: Катар извонредно го организираше Светското првенство
Спротивно на очекувањата, Катарците извонредно го организираа Светско првенство во фудбал, завршувајќи ја работата коректно, со оглед на малото искуство што оваа земја го има со фудбалот – вели Мијалче Дургутов, кој беше единствениот спортски новинар од Македонија, кој известуваше од Мундијалот.
Во Утрински печат тој кажа дека е горд што досега професионално известувал од 9 светски првенства, иако му е неизмерно жал што не можел да биде на стадионот и за време на вчерашното спектакуларно финале, во кое Аргентина на пенали ја победи Франција.
– Во 100 годишната историја на светските првенства, само три пати светскиот првак бил решен на пенали. Во 1994 година бев на Пасадена стадионот во Лос Анџелес, кога Бразил ја совлада Италија, а бев и во Берлин, кога Италијанците ја победија Франција. За жал не бев во можност да бидам и во Доха, на верашниот спектакуларен дуел – вели Дургутов.
Целото интервју со Мијалче Дургутов проследете го на следниот линк:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…