Се огласи синот на Марадона: Има порака за Меси, а го спомна и неговиот легендарен татко

t

Диего Марадона Јуниор, синот на легендарниот Диего Марадона, е исклучително среќен откако Аргентина го освои Светското првенство во Катар. Фудбалерите предводени од Лионел Скалони ја совладаа Франција во финалето на Светското првенство во Катар со 4:2 по пенали (3:3 по продолженија, 2-2 во регуларен тек).

„Аргентина е светски шампион. Честитки за тебе, Лео Меси, затоа што никој не го заслужува овој пехар повеќе од тебе! Честитки за нашиот народ, за нашата земја! Татко ми слави со нас во рајот. Немаш поим колку сакам да те гушнам“, напиша Диего Марадона Јуниор на своите социјални мрежи.

Репрезентацијата на Аргентина по третпат го освои Светското првенство. „Гаучосите“ досега имаа две титули во 1978 и во 1986 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Никој не може да го избрише македонскиот…

Македонскиот јазик има свое цврсто место во…

Украинецот што го саботирал „Северен тек“ уапсен…

Хрватската полиција го уапси во Пула украинскиот…

Активни се осум пожари низ Македонија, уште…

На ден 20.08.2026 година, до 18:00 часот,…

Нови проблеми за Зеленски: под истрага се…

Украинските антикорупциски институции ги прошируваат истрагите за…

Ангелов: Истече кризната состојба во Гостивар –…

Според последните анализи, водата во Гостивар е…