Од принципи не се живее: Германија и Полска побарале РУСКА нафта

t

Директорот на руската државна нафтена компанија „Транснефт“, Николај Токарев изјави дека компанијата добила барања од Полска и Германија за купување нафта за 2023 година.

„Тие рекоа дека од 1 јануари нема да купуваат нафта од Русија, а сега добивме барања од полски компании за набавка на три милиони метрички тони следната година. И Германија испрати барање за првиот квартал од следната година“, изјави Токарев за ТВ Русија 24.

Податоците што ги презентираше директорот на Транснефт се во спротивност со индициите дека Полска имала намера да се откаже од договорот за купување на руска сурова нафта, рече тој, пренесува Ројтерс.

ЕУ претходно одлучи да престане да купува руска нафта преку поморски патишта од 5 декември, при што западните земји исто така воведоа ограничувања на цената на руската сурова нафта, но нафтоводот Дружба преку кој Полска увезуваше руска нафта беше изземен од санкции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…