Јакимовски: Не дај Боже да има трета светска војна, ќе бидеме ракетирани!

t

Русија се мачела со руско-француската војна, се мачела и во двете светски војни и секогаш излегувала како победник. Она што е најинтересно, секогаш се повлекувала, вели лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски во интервју за „Фокус“.

Не дај Боже да дојде до трета светска војна, ништо нема да биде битно, ќе биде – снаоѓај се како знаеш. Ако ескалира конфликтот во Украина, членството во НАТО не ни менува многу, туку нѐ доведува во опасност да бидеме ракетирани од тие од спротивната страна, вели лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски во интервју за најновиот број на неделникот „Фокус“.

Според него, конфликтот во Украина ќе се реши со пораз на една од страните.

-Не може да нема поразени, Русија има земено 20 отсто од територијата на Украина. Ако загинале 100 и кусур илјади, ако има над 400 илјади ранети и инвалиди, нема вин-вин решение. Мислам дека Русија нема да се задоволи само со територија, туку само со безбедносни гаранции дека Украина нема да стане членка на НАТО – вели Јакимовски.

Тој смета дека целта на Западот веројатно била да се исцрпува Русија.

Ако Украина стане членка на НАТО, уште подобро. Балистичките ракети на НАТО ќе беа поставени во Харков, само 500 километри од Москва. Но, кога веќе таа работа не испадна во мирнодопски услови, сега се оди на варијанта на исцрпување на Русија, но мислам таа работа не добива посакуван правец – истакнува лидерот на ГРОМ.

Тој додава дека Русија секогаш се мачела и се повлекувала, но на крај излегувала како победник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Негативен природниот прираст и во градските и…

Природниот прираст кај населението минатата година e…

(Фото) Дијана Габровска уапсена на Халкидики со…

Необичен инцидент се случил на осамена плажа…

Еден од најблиските луѓе до Путин: Нема…

Рускиот ултраконзервативен идеолог Александар Дугин го критикуваше…

„Цаци, готова си“: Закана кон пратеничката Славјанка…

Доцна синоќа околу 23 часот пред зградата…

Американски извори за Ројтерс: Иран се подготвувал…

Иранската војска минатиот месец натовари подводни мини…