Петровска: Ниска доверба во институции е нешто аларматно за сите нас
Пад на довербата во една политичка партија е прашање на политичката партија, но пад на доверба или ниската доверба во определени институции, е, нешто што е поалармантно за сите нас. Вака одговори министерката за одбрана Славјанка Петровска, прашана за коментар за резултатите од анкетата што ја објави вчера ИРИ.
– Коментарите и на таа, но и на сите други анкети, јас ги давам во две насоки. Првата насока е дека треба внимателно да се анализираат и да се исчитаат резултатите убаво, ако сакате да ја сфатите вистинската порака, се разбира. Втората претставува предизвик. Тоа значи дека резултатите кои ги рефлектира таа анкета, треба да претставуваат предизвик и за личностите кои беа опфатени во таа анкета, меѓутоа, особено за институциите, рече Петровска, која одговараше на новинарски прашања по отворањето на деветтата студентска НАТО симулација, што се одржа во организација на Евроатлантскиот совет на Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ПОЖАР ВО СЕДИШТЕТО НА ЦИА: Пожарникари интервенирале…
Пожар избувнал во седиштето на американската Централна…
САД предупредуваат дека украинските напади длабоко на…
Пентагон денеска ги замоли западните земји кои…
КИБЕРНАПАД ВРЗ НАЈГОЛЕМИОТ СНАБДУВАЧ СО ПРИРОДЕН ГАС…
Норвешкиот енергетски гигант „Еквинор“ (Equinor), најголемиот снабдувач…
ПОРАНЕШНИОТ БУГАРСКИ ЦАР СО ПОРАКА ПО СРЕДБАТА…
Поранешниот бугарски цар и експремиер Симеон Сакскобурготски…
НЕОЧЕКУВАН ПОВИК ВО ИЗРАЕЛСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Нетанјаху итно…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, според информации што…