Манасков: Ако не веруваме, ич да не патуваме на Светско!
Македонските ракометари се собраа денеска во Скопје по што ќе ги почнат подготовките за Светското првенство (СП) во Полска и Шведска, кое ќе се одржи од 11 до 29 јануари идната година.
Еден од најискусните ракометари во репрезентацијата е Дејан Манасков, кој кажа дека со нетрпение го чека почетокот на првенството.
„Мило ми е што сум помеѓу овие момци и со нетрпение го очекувам првенството. Ова е една нова генерација во која се измешани младост и искуство. Ние поискусните сме тука да им помогнеме на помладите и ја прифаќаме улогата на лидерите. Главна цел ни е да се подготвиме колку што можеме и подготвени да го дочекаме првенството. Во спортот секогаш има изненадувања, а ако не веруваме, тогаш не треба да патуваме таму. Можам да кажам дека ние силно веруваме и убедени сме дека ќе ја поминеме групата. Противниците се тешки и квалитетни кои го покажаа квалитетот во изминатите години, но имаме доволно време за да се подготвиме за сите“, вели Манасков.
Искусниот ракометар кажа дека немаат одиграно доволно натпревари против ривалите кои им се во групата, но сепак ќе подготват стратегија за секој од нив.
„Мора сите да бидеме здрави до почетокот на Светското првенство затоа што не сме многу на број и ако еден ни недостига, тогаш губи цела репрезентација. Ако бидеме здрави, мислам дека ќе имаме успех. Немаме доволно натпревари одиграно против Холандија и Аргентина, тие се нови противници за нас и играат добар ракомет. За мене Холандија изгледа моќно на физички план, но сепак ќе подготвиме посебна тактика за секој од нив“, кажа ракометарот на Вардар.
Македонија се наоѓа во група со Норвешка, Холандија и Аргентина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кинеските технолошки гиганти нарачале чипови од „Нвидиа“…
„БајтДенс“, „Алибаба“ и „Тенсент“ нарачале повеќе од…
Италија испраќа 500 војници во Милано по…
Италијанските власти планираат распоредување 500 војници во…
Вашингтон го отстранува DeepSeek од државните системи:…
Американското Министерство за домашна безбедност нареди отстранување…
САД ѝ се заканија на ЕУ со…
Американскиот амбасадор во Европската Унија, Ендрју Паздер,…
Турција го испрати во парламент одбранбениот пакт…
Турција го доставила на парламентарна ратификација одбранбениот…