Фатено лицето кое испраќаше дојави за бомби на аеродромот во Србија
Во Србија е приведен човекот кој испраќал дојави за бомби.
Припадници на полицијата, Управата за криминалистичка полиција, преку оперативна работа и меѓународна соработка, по заканата до аеродромот „Никола Тесла“ во Белград дека биле поставени експлозивни направи на повеќе од 20 меѓународни летови, за помалку од 24 часа, го идентификувале и го привеле осомничениот С.С.(1977).
Тој е приведен поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело тероризам, а со кривична пријава е изведен во Обвинителството за организиран криминал. Судот на приведениот му одреди мерка притвор.
Црна Гора утврди дека момче од Чешка испраќало дојави за бомби. Во Македонија денеска повторно имаше дојави за бомби, а не беше поштедени ниту другите балкански земји. Дојави имаше и во Сараево. Таму на мета беа филијали на банки.
Откако почна војната во Украина, во повеќе земји имаше закани за поставени бомби.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривична за полицаец кој удрил лице во…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…
Мерџановски: Со владиниот авион во Скопје транспортиран…
Пациент од Скопје кој се здобил со…
Иран има шест услови за САД за…
Иран нема повторно да го отвори Ормутскиот…
Уличните кучиња го чинат градот 46 милиони…
Речиси 46 милиони денари, односно околу 750…
Пожар во село Чифлик – општина Сопиште,…
Голем пожар попладнево избувна на територијата на…