Нови бесплатни лекови за пациентите дури догодина

t

За нови, современи лекови без помалку несакани ефекти пациентите во Македонија ќе почекаат. Иако имаат законско право навремено да им бидат достапни сите лекови и терапии, граѓаните на нив чекаат повеќе од 11 години. Цела деценија пациентите во земјава се лекуваат со истите апчиња, инјекции, инфузии… Во Агенцијата за лекови се регистрирани голем број нови лекови, но за да ги добијат, пацентите мораат да ги платат од свој џеб. Нема нови иновативни лекови кои гарантираат побрзо и поефикасно лекување, поголема исплатливост и опоравување на болните. Позитивната листа на лекови кои ги плаќа Фондот за здравствено осигурување се уште чека нејзино дополнување, а од Министерството за здравство уверуваат дека дел од процедурите се завршени и догодина истата може да се прошири и осовремени.

“Новиот предлог правилник за проширување на позитивната листа беше предмет на јавна дебата од стручната јавност, што заврши претходната недела, по што следи период на инкорпорирање на предложените сугестии и стручните мислења и се очекува во најкраток рок, најверојатно до крај годинавa да се финализира правилникот, а потоа тој да стапи на сила“, објаснуваат од ресорното министерство.

Од Министерството признаваат дека подготовката на методологијата на Правилникот за проширување на палетата бесплатни лекови не е направена со години наназад, што всушност го оддолжило целиот процес.

“Станува збор за подолготраен процес, во кој беше неопходно вклучување на стручната јавност за разгледување на сите аспекти за вклучување лекови на позитивната листа, особено ако се има предвид дека повеќе години наназад таа не е надградена. Но, воведувањето нови лекови на позитивната листа, согласно дефинираните критериуми во методологијата на правилникот, се очекува веќе од почетокот на следната година.

Потсетуваме дека правилникот е подготвен во согласност со европските практики, со цел дефинирање на критериумите за селекција на лековите, кои ќе можат да бидат дел од позитивната листа“, потенцираат од кабинетот на министерот Беким Сали.

Повеќегодишното неажурирање на позитивната листа на лекови е заглавено од 2011 година, кога тогашниот министер за здравство Никола Тодоров воведе 14 комисии за ревидирање на списокот на бесплатни лекови. Но, иако беа формирани, комисиите ниту еднаш не се состанаа, ниту пак разговараа за ова проблематика. Од тогаш не е ставен ниту еден нов лек, ниту пак се извадени одредени, стари лекови кои се исфрлени од употреба.

Пишува: Алескандра Милошевска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Епидемијата на ебола во Конго е надвор…

Епидемијата на ебола на истокот од Демократска…

Вучиќ до Студентската листа: Ужасно ми е…

Претседателот на пратеничката група „Александар Вучиќ –…

Прекин во услугите на „Епл“: Корисници пријавуваат…

Корисници на „Епл“ на 17 ноември пријавија…

(Фото) СДСМ доживеа дебакл на протестот во…

Најавата на СДСМ за протест во Охрид…

МВР: Од 15 ноември до 15 март…

Од 15 ноември почна законската обврска за…