(Видео) Котлар ја нокаутираше опозицијата: Имам впечаток дека го оправдува работењето на историската комисија со Бугарија!
Ние имаме политички чудовишта, одгледани и во власта и опозицијата, вели професорката Наташа Котлар во гостување кај Ицо Најдовски-Перин.
– Јас сум 30 години во научната дејност, ама во приватниот живот не сум аполитична. Навистина гледам што се случува и во општеството и во политичкиот дискурс.
Приватно припаѓам на опозицијата, на паријата Глас за Македонија.
За среќа партиски ние сме се определиле дека Комисијата не треба да постои, треба да сноси санкции. Ние сме сега дел од поширока опозиција, имате претставници на таа опозиција кои на определени емисии ќе ви кажат дека комисијата добро си работи и дека треба да постои некое разбирање на нејзината работа и постоење.
Еден кој се откажа од таа комисија честопати е на тој исти медиум небаре треба да се создаде позитивна аура околу него. Јас сум ги детектирала сите постапки на опозицијата коои во суштина значат да не се бранува многу и некако ако може да се пренебрегне прашањето за комисијата.
Јас тогаш го поставувам прашањето во што ќе се разликуваме од овие што сега ќе владеат, вели професорката Котлар.
Целото гостување на професорката може да го погледнете во продолжение:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Нашиот Устав нуди апсолутно сериозна заштита…
Политиката се темели на разговори. Јас сум…
СОСЕДИТЕ ПРОФИТИРААТ ИАКО РУДАРСТВОТО ИМ СТАГНИРА –…
Бугарија минатата 2025 година произвела руда во…
Минималната плата во Бугарија во 2027 година…
Минималната плата во Бугарија за 2027 година…
Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради…
Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони…
Во Пловдив уапсени 18 лица поврзани со…
Вкупно 18 лица поврзани со меѓународната неонацистичка…