Германија бара од Кина да го убеди Путин да ја прекине војната во Украина
Германскиот претседател, Франк-Валтер Штајнмаер, денеска го повика својот кинески колега Си Џинпинг да го искористи своето влијание врз рускиот претседател Владимир Путин за да ја прекине руската офанзива врз Украина.
„Денеска Штајнмаер имаше телефонски разговор со својот кинески колега Си Џинпинг. Германскиот претседател го подвлече заедничкиот интерес на Кина и на Европа за ставање крај на војната. Тој побара од Си Џинпинг да го искористи своето влијание врз Русија и да му ја пренесе таа позиција на Путин”, соопшти германското претседателство.
Во разговорот што траел околу еден час Штајнмаер и Си разговарале за билатералните односи и актуелната ситуација во врска со коронавирусот во Кина.
Германскиот претседател му се заблагодарил на Си за неговиот став за отфрлање на нуклеарната закана од Русија. И покрај заладените односи со Пекинг, Европската унија бара поддршка од кинеските власти за окончување на војната во Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија нападна брод под либериско знаме во…
Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…
Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Млада лаборантка почина од чума во Русија,…
Жена почина од белодробна чума во регионот…
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…