Ситуацијата на Косово е „вознемирувачка и тензична“, велат од ЕУЛЕКС
Мисијата ЕУЛЕКС денеска соопшти дека безбедносната ситуација на северот на Косово е „вознемирувачка и тензична“.
Во својот одговор за „Косова прес“, мисијата наведува дека нејзините патроли на северот на Косово забележале присуство на „вооружени луѓе, често маскирани поединци и групи“, како и дополнителни барикади.
Од ЕУЛЕКС велат дека тоа е „неприфатливо“ и дека барикадите мора веднаш да се отстранат.
Тие оценуваат и дека „безбедносниот вакуум создаден по оставката на српските припадници на косовската полиција може да го користат криминалните групи“.
Тие наведуваат дека на органите на прогонот е да го спречат тоа и дека ЕУЛЕКС е поддржувач на превентивни мерки во рамките на својот мандат и капацитет, но дека не може да ја замени косовската полиција.
„Важно е веднаш да се деескалира ситуацијата и да се воздржи од најпровокативни дејствија. Ова е пред се за доброто на локалното население, чија заштита и безбедност се загрозени поради моменталната состојба“, велат од ЕУЛЕКС.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жител на шарпланинско село во Косово е…
Полицијата на Косово соопшти детали за апсењето…
(Видео) Хаос во косовското Собрание: Пратеничка фрлаше…
Конститутивната седница на Собранието на Косово денес…
Косовски државјанин „летал“ со 220 км/ч на…
Косовски државјанин е лишен од слобода откако…
Поранешен полицаец во Косово осуден на 10…
Основниот суд во Приштина денес осуди поранешен…
Марта Кос за министерката што рече „етнички…
Марта Кос за министерката Снежана Пауновиќ изјави…