Ова не е мешање во внатрешни работи? Бугарите во Македонија бараат реакција од Бугарија за “репресија врз нив”

t

Бугарите во Македонија инсистираа на соодветна реакција од Бугарија против честите репресии врз нив и нивните семејства, пренесуваат бугарските медиуми.

Во Комисијата за политики за Бугарите во странство беа сослушани претставниците на центрите за култура „Цар Борис Трети“ во Охрид, „Иван Михаилов“ во Битола и Здружението „Југ“ во Прилеп. Зборувале за притисокот под кој се во Република Македонија и побарале заштита од Бугарија, информира „Дарик“.

Од своја страна, претседателот на Комисијата за политики за Бугарите во странство, Костадин Костадинов, изјави дека подготвил писмо до премиерот Галаб Донев и прецизираше дека и тој ќе побара средба со него.

Претседателот на Здружението „Цар Борис Трети“ во Охрид, Томе Блажески, првпат јавно проговори за притисоците и заканите кои ги добивал по отворањето на тамошниот бугарски клуб.

Блажески прокоментира дека за ниту еден од нападите на клубот се уште не е уапсен.

Благои Шаторов од Центарот за култура „Иван Михаилов“ од Битола додаде дека се што е различно од македонското е проблем, велат Бугарите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Нашиот Устав нуди апсолутно сериозна заштита…

Политиката се темели на разговори. Јас сум…

СОСЕДИТЕ ПРОФИТИРААТ ИАКО РУДАРСТВОТО ИМ СТАГНИРА –…

Бугарија минатата 2025 година произвела руда во…

Минималната плата во Бугарија во 2027 година…

Минималната плата во Бугарија за 2027 година…

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради…

Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони…

Во Пловдив уапсени 18 лица поврзани со…

Вкупно 18 лица поврзани со меѓународната неонацистичка…