Каевски се правда: Првпат му било да игра игричка во Собрание

t

Во изјава за Фактор Дарко Каевски пратеникот од редовите на СДСМ кој играше видео игри за време на вчерашната Собраниска комисија додека од говорница говори професорката Гордана Силјановска Давкова од опозициската ВМРО-ДПМНЕ вели дека ова прв пат му се случува.

Јас сум еден од најредовните и најактивните пратеници, кој не отсуствувал од ниту една пленарна седница, ниту комисиска дебата во Собранието. Но, кога на говорницата имате колега кој слушате дека кажува флоскули и празни реченици, можеби некогаш ќе посакате да го оттргнете вниманието од тоа. Ова прв пат ми се случува, во принцип внимателно ги следам дебатите што се одвиваат во законодавниот дом – изјави Каевски за Фактор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каевски: Неучество во техничка Влада на ВМРО-ДПМНЕ,…

Евентуално неучество на ВМРО-ДПМНЕ во техничката Влада…

Каевски: Локалната власт на ДПМНЕ ништо не…

Освен тоа што ништо не работат и…

Му кажало магарето на зајакот имаш големи…

2 години локална власт - 0 резултати,…