И фудбалот забега: Роналдо потпишува договор вреден 1,4 милијарди евра
Кристијано Роналдо би можело уште денес да потпише седумгодишен договор вреден 1,4 милијарди евра.
Како што е познато, саудискиот Ал Наср подготви двеиполгодишен договор за Роналдо вреден 200 милиони евра по сезона, но шпанската Марка денес објави нови податоци кои се навистина неверојатни.
Имено, Роналдо ќе потпише седумгодишен договор со Ал Наср. Првите двеипол години Роналдо ќе биде играч, а остатокот од договорот ќе биде амбасадор на Саудиска Арабија во обид да добие организација на Светското првенство во 2030 година.
Како што наведува Марка, Роналдо ќе добие 200 милиони евра по сезона за играчкиот дел, додека за амбасадорскиот ќе добие повеќе.
Според Марка, трансферот би можел да се официјализира уште денес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ реагира: Абази го спаси Филипче
ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека поранешниот министер за здравство…
Пожарите во Европа ќе се зголемат за…
Површината на опожарени подрачја во Европа до…
Во Албанија почнаа активности за референдум за…
Централна изборна комисија (ЦИК) на Албанија денеска…
Кривична против две лице и фирма: Незаконски…
Две лица и правно лице од струшко…
94 функционери казнети со по 300 евра…
Државната комисија за спречување на корупцијата на…