Видоа како е: И Бугарите почнаа да се правдаат дека не се Срби – Велат Србија да си го гледа европскиот пат, не проруските провокации

t

Бугарите после долгото малтретирање на македонскиот народ конечно почувствуваа како е кога некој те негира и те прави нешто што не си.

Откако во јавноста се прошири ставот на Србите дека Бугарите не се Бугари, туку Срби, почнаа бурните реакции во Бугарија, а секако со став се јави и бугарската ВМРО.

– Ние Бугарите не сме Срби! Стоп за евтините проруски провокации! Ова се наведува во ставот на ВМРО по повод информацијата на БГНЕС дека српскиот парламент ги прогласил Бугарите за Срби.

Ова е уште една тотално неприфатлива ситуација, која дојде од нашиот западен сосед, имено дека Бугарите се Срби. Коментарот не доаѓа од обичен човек на социјална мрежа, туку од Милорад Вукашиновиќ, заменик-претседател на Советот за регулирање на електронските медиуми во Србија, велат од ВМРО.

„Провокативниот коментар го дава со очигледна подготвеност. Неговиот соговорник се согласува и додава дека Бугари и бугарски јазик не постојат. Соговорникот потсетува на поранешните српски небивалисти за постоењето на некоја посебна шопска националност – поблиска до српската отколку до бугарската. Целиот ангажман на Вукашиновиќ е исполнет со проруски заблуди за прекројување на границите на Балканот и за излез на Србија на јадранскиот брег. Западот е прикажан како колонизатор“, се наведува и во ставот.

„Па, ако сакаме да се вратиме во историјата, можеме и ние. Но, Србија не сака да се врати во историјата, туку да влезе во Европската унија. Ваквите изјави на Вукашиновиќ нема да помогнат. Време е Бугарија јасно да ги претстави своите услови на европскиот пат на Србија. Доколку Белград воопшто оди по европски пат“, нагласуваат од ВМРО.

ВМРО го повикува бугарското МНР на реакција – бидејќи во овој случај очигледно се работи за низа изјави на официјален претставник. Во исто време, претставник чија работа е да го набљудува медиумското опкружување, информации и култура.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Нашиот Устав нуди апсолутно сериозна заштита…

Политиката се темели на разговори. Јас сум…

СОСЕДИТЕ ПРОФИТИРААТ ИАКО РУДАРСТВОТО ИМ СТАГНИРА –…

Бугарија минатата 2025 година произвела руда во…

Постигнати спогодби со осомничените за транспорт на…

Случајот со транспортот на марихуана од Македонија…

Минималната плата во Бугарија во 2027 година…

Минималната плата во Бугарија за 2027 година…

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради…

Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони…